Вработен во македонски шуми учествувал во измама со огревно дрво
Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Л.Н. од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 27 до 29 септември минатата година пријавениот, во својство на службено лице - референт за сеча, дотур и превоз во „Македонски шуми“ – Скопје, ги пречекорил границите на своите овластувања на тој начин што издал три испратници за превоз на дабово огревно дрво, за извезена дрвна маса од една парцела во вкупна количина од 35.50 кубни метри огревно дрво.
Наведената количина била изнесена, но утврдено е дека не потекнувала од наведената парцела,за која се изготвени испратниците. На овој начин им овозможил на сопствениците на гореспоменатата катарстарска парцела да се стекнат со противправна имотна корист од 87.350 денари.
Извор:
No comments