Breaking News

Магационер користел лажни испратници заверени со службен штембил и печат на МЗШВ




Скопската полиција поднесе кривична пријава против С.Д. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување службена исправа.
Како што информираа од полицјата пријавениот во својство на магационер во ПШС „Караџица“-Скопје во ЈП „Македонски Шуми“-Скопје, во текот на 2014 година од непознато лице набавил поголема количина кочани со лажни испратници кои биле заверени со службен штембил и печат на МЗШВ-Сектор за шумарство и лозарство, по што ги заверил со службен печат на ПШС „Караџица“-Скопје.
Испратниците веднаш биле издадени на пет правни лица, кои ги приложиле до сметководство во ШПС „Караџица“ Скопје како прилог кон фактурите за наплата на извршената услуга за сеча, дотур и  превоз на огревното дрво од место на сеча до складот во населба Драчево Плац бр.1.

Извор:

No comments