Со грижа до бериќет
Шумарскиот факултет од Скопје, партнер на Програма за зачувување на природата во Македонија, слави јубилеј 70 години од неговото постоењето. Јубилејот ќе биде одбележан со меѓународна конференција на тема: „Одржливо шумарство: вистинско или привидно?“.
Заедничката соработка започна уште во првата фаза од Програмата кога се воспостави соработка помеѓу УКИМ - Шумарски факултет од Скопје и Универзитетот за применeти науки од Берн (BFH-HAFL), Швајцарија, во насока на размена на искуства и знаења помеѓу двете институции во делот на новите пристапи во управување со шумите и зачувување на биолошката разновидност преку подобрување на наставната програма на Шумарскиот факултет, поддршка на дипломски и магистерски работи на македонски и швајцарски студенти, нивна работа во парови како и реализација на блок предавања во брегалничкиот регион.
Поддршката и соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во втората фаза од Програмата особено во насока на размена на искуства врз основа на подобрената наставна програма на Шумарскиот факултет во Скопје. Во продолжение погледнете го и видеото кое што го имаме изработено за заедничките активности со факултетот.
No comments